ЗА НАС

Нашата приказна

Нашата авантура започна во 2004 година, млади и ентузијастични, со големи соништа и надежи, кои на крајот станаа реалност. Стартот беше со ограничени ресурси, но со текот на времето, градевме доверба и квалитет, пред се 
благодарение на нашата напорна работа и посветеност. 
ДВД ПЛУС е рентал компанија за изнајмување техничка опрема за концерти,
ТВ-емисии, промоции, како и реализација на културни, 
едукативни и корпоративни настани.

Нашата мисија

 Нашиот тим го реализира секое барање на клиентот со ефикасно и професионално делување, преку опрема со висок квалитет на 
звучен систем, професионално светло, видео дизајн, сценски елементи
и алуминиумска конструкција. 
Наша задача е целосно исполнување на барањата на клиентите и уметниците, 
а со тоа и очекувањата на публиката.

Нашиот тим

Тимот ДВД ПЛУС е колаборативен и полн со енергија за нови предизвици и 
техничка реализација на секоја нова идеја. Новото време и новите технологии се нашите начела на работење и дејствување. Неодредено работно време, во  различни временски услови, во затворен или отворен простор, нашиот тим е секогаш позитивен и подготвен да ги надмине
предизвиците за остварување на зададената задача. 

Студио

По долгогодишна работа, безброј успешни настани и 
постојано надоградување на опрема и проширување на дејноста,
во услови на пандемија, во текот на 2020година,
 ја надградивме нашата професионална работа со дополнителна дејност. 
Го создадовме студиото ДВД ПЛУС. 
Покрај настаните кои секојдневно ги реализираме, започнавме со реализација на настани во нашето студио: снимање спотови, реклами, конференции, виртуелни концерти, промоции, фитнес тренинзи, стриминзи, емисии, итн. 
Ова беше уште еден голем предизвик за нас кој го прифативме 
и успешно го реализиравме.

Техничка опрема

Компанијата ДВД ПЛУС е во постојано надоградување на професионална
опрема од познати светски брендови: JBL, SOUNDCRAFT, CROWN,
SHURE, SENNHEISER, DPA, MIDAS, YAMAHA, CLAY PAKY, MARTIN, AVOLITES, LOOK SOLUTIONS, LUPO, UNILUMIN, SONY, ANALOG WAY, PROLIGHTS, 
GUIL, EUROTRUSS, LITEC, CHAIN MASTER и многу други.
Оваа опрема ни овозможува комплетна реализација на сите настани на
барање на нашите клиенти.

Наша визија

ДВД ПЛУС овозможува најквалитетна сценска опрема, озвучување, 
осветлување и видео. Нашата компанија ќе ви овозможи уживање 
кое ќе остане во Вашите животни спомени. 
Успехот кој што сме го постигнале сите овие години се должи на
следењето на новите трендови, новата технологија и 
посетата на многубројните светски саеми, кои не поттикнуваат
да бидеме подобри секој ден. 
Нашата визија е иновативни и креативни настани, 
реализирани идеи и задоволни клиенти. 
Copyright 2020 DVDPLUS | All Rights Reserved